Фудбалер на ЦСКА Софија играл допингуван против Македонија Ѓорче Петров!

by
1 минути читање

Бугарскиот клуб соопшти дека добиле писмо од Светската анти-допинг агенција (ВАДА) пред двомечот со Базел дека Јомов бил позитивен на допинг на мечот против Македонија ЃП.

„На 25 август пред мечот со Базел добивме писмо од ВАДА за откривање на забранета супстанција во телото на Георги Јомов. Примерокот од урина кој бил земен на 28 јули по средбата со Македонија Ѓорче Петров бил позитивен. Се чека целосна истрага за да се расчисти случајот. Во меѓувреме, Ѓорѓи има рок до 1 септември да го каже својот став, а привремено му се суспендирани правата на 90 дена. Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земање на други супстанци надвор од програмата на клубот е строго забрането“, соопшти ЦСКА Софија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×