Интер доживеа пораз од 3-1 на гостувањето кај Лацио. Домаќините водеа со 1-0, рано во второто полувреме нероазурите израмнија, а потоа имаа свој период во кој најголемата шанса ја имаше Думфрис, но неговиот удар со глава го одбрани голманот.
„Овој пораз боли поради начинот на кој се случи“, вели Инзаги.
„Натпреварот беше изедначен, голот на Луис Алберто го промени. Ние имавме голема шанса преку Дензел Думфрис на 1-1, и требаше да бидеме пофокусирани во финиширањето“.
„Гаљардини одбра да помогне за блокот на Милинковиќ. Природно е по пораз луѓето да бараат грешки, но ако Думфрис ја искористеше таа шанса, сега ќе зборувавме за многу поинаков натпревар“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.