Лацио во моментов со седум освоени бода е на врвот на табелата во Серија А, иако веќе денеска може да падне од тоа место, стартот на сезоната е успешен за тимот од Рим.
„Многу сум среќен за оваа победа, работата на целиот тим беше неверојатна“, изјави Педро по мечот.
„Секогаш е убаво да постигнеш гол и да му помогнеш на тимот. Можеме да се бориме со секој и со ваква игра ние сме на вистинската патека“.
„Секако дека можеме да дојдеме до место кое води во Лигата на шампионите, долг е патот, но на вистинскиот сме“.
„Сари секогаш сака да ја имаме топката во нас, да играме висок пресинг и да имаме посед. Во тој смисол тој е многу сличен на Гвардиола. Сари има свои идеи, тимот ги разбра, треба да продолжиме да веруваме во тие идеи и да продолжиме да играме вака“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.