Луис Алберто и Педро влегоа и му пресудија на Интер, победа на Лацио во дербито (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Идентично како и лани, Интер на челот со Симоне Инзаги загуби со 3-1 на гостувањето кај Лацио.

Мрежите мируваа до 40. минута кога Фелипе Андерсон погоди за водство на Лацио од 1-0.

По шест минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез го изедначи резултатот на 1-1.

Маурицио Сари во 57. минута во игра ги внесе Луис Алберто и Педро и тоа се покажа како клучно за победа на Лацио.

Во 75. минута по асистенција од Педро, Луис Алберто постигна фантастичен погодок.

А само десет минути подоцна и самиот Педро даде гол и ги постави конечните 3-1.

По три одиграни кола Лацио има седум бода, а Интер остана на шест.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×