Денеска беше
објавено дека Жорж Мендеш подготвува луда зделка со која Кристијано Роналдо ќе
заврши во Наполи. Агентот го убедувал Манчестер јунајтед да понуди 100 милиони
евра за Виктор Осимен, а како дел од зделката, Кристијано Роналдо да премине на
„Диего Армандо Марадона“ на позајмица, „ѓаволите“ исто така ќе треба да плаќаат поголем
дел од платата на Португалецот.
Вечерва се огласи
агентот на Виктор Осимен, кој демантираше спектакуларна трампа.
„Нема преговори,
нема трампи“ – напиша Роберто Календа на Твитер.
„Осимен е играч
на Наполи и сака да игра во Лигата на шампиони во дресот на Наполи откако на
теренот, заедно со соиграчите и тренерот, гордо се изборија за настап во
најелитното европско натпреварување“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.