Црвена звезда во
вторникот испушти два гола предност и со автоголот на Павков во 90. минута
остана без групна фаза од Лигата на шампиони.
По ваквиот
неуспех, Дејан Станковиќ попладнево си поднесе неотповиклива оставка и се
повлече од кормилото на Црвена звезда.
„Црвена звезда е
мојата голема љубов, не можам да ги опишам емоциите. Откако не успеав трета
година по ред да обезбедам Лига на шампиони, се чувствувам празно. Не можам
повеќе, дадов се од себе. Сега треба некој друг да проба“ – вели Дејан
Станковиќ.
Црвена звезда не
трошеше многу време и за нов тренер го назначи младиот Милош Милојевиќ, кој
беше дел од клубот во периодот од 2019 до 2021 како помошник на Дејан
Станковиќ.