Мурињо: Ако ми понудите бод против Јувентус, ќе одбијам, таму одиме за да победиме

by
1 минути читање

Мурињо е свесен дека пред Рома е најтешкиот противник во досегашниот дел од сезоната, Јувентус е првиот сериозен предизвик. Португалецот вели дека може да загубат во Торино, но не би прифатил бод пред време.

„Доколку ми понудите бод сега и да ми речете да не патуваме, нема да земам. Јас и моите фудбалери сакаме да одиме таму и да го играме тој натпревар. Можеби ќе загубиме, тоа може да се случи, но сакаме да одиме таму и да се обидеме да победиме“, вели Мурињо.

„Знаеме за што сме способни, знаеме каков приод сакаме да имаме на натпреварот, знаеме низ што поминуваше тимот овие неколку дена. Се подготвивме најдобро што можеме. Па ќе одиме во Торино смирени и ќе одиме даму да се обидеме да победиме“.

„На некои фудбалери им е тешко да се вратат и да играат против нивните стари тимови. Но Пауло не е таков, тој има големо искуство. Не гледам некаква разлика кај него во пресрет на овој дуел, па очекувам ист меч како и против било кој, можеби само со малку повеќе емоции“.

„Составот ќе ни биде ист како и на првите два меча, само со Матиќ на местото од Заниоло“.

Мечот меѓу Јувентус и Рома се игра утре (сабота) со почеток од 18:30 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×