Де Јонг не сакаше трансфер во Манчестер јунајтед, но ќе сака ли преселба во Ливерпул?

by
1 минути читање

Остануваат уште шест дека до крајот на преодниот рок. Ливерпул по три кола во Премиерлигата се уште нема победа, па црвените се спремни да реагираат на трансфер пазарот за да го засилат тимот.

Информациите велат дека тие се вклучиле во трката по Френки де Јонг и нудат 53 милиони фунти плус 7 милиони фунти во бонуси.

Барселона цело лето се обидува да го продаде Де Јонг, па се верува дека клубовите ќе се договорат, но прашањето е дали фудбалерот ќе прифати трансфер.

За разлика од Манчестер јунајтед, Ливерпул има адут во тоа што игра во Лигата на шампионите.

Иако сезоната ја почнаа лошо, Ливерпул е тим кој се бори за сите титули, а доколку му дадат и плата каква што сака, реални се шансите да го добијат Де Јонг.

Но, фудбалерот и овојпат ќе го има последниот збор, а засега е мистерија неговата одлука.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×