Џовани Симеоне
минатата сезона ја одигра на високо ниво, постигна 17 погодоци во Серија А па
го привлече вниманието на неколку клубови.
„Добив неколку
понуди, но на ум имав само една, да играм во Наполи“ – рече Аргентинецот, кој денеска
беше промовиран како ново засилување на „наполитанците“.
„Имав важни понуди, но
сакав само преселба во Наполи“.
Напаѓачот потоа
откри каква порака добил од неговиот татко, Диего Симеоне, кој е тренер на
Атлетико Мадрид.
„Ми испрати
порака, ми кажа дека сите Аргентинци на ТВ ги гледале натпреварите на Марадона
во Наполи. Сите млади Аргентинци од тоа време имале сон еден ден да играат во
Наполи“.
Џовани Симеоне во
дресот на Наполи ќе има шанса да игра во Лигата на шампионите.
„Од дете сонувам за
настап во Лигата на шампиони, го имам истетовирано логото бидејќи ми беше цел
да играм во ова натпреварување. Секогаш сакам повеќе, нема да бидам задоволен
само со настап, сакам да постигнам и погодок и да победам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.