Антони е една од
желбите на Ерик тен Хаг за засилување на нападот, и кога интересот на Манчестер
јунајтед стана сериозен и беше одбиена понуда од 80 милиони евра, Бразилецот
реши да не тренира со цел да изврши притисок врз Ајакс.
Но клубот од
Амстердам не толерира ваква недисциплина и решил да го казни Антони. Глобата за одбивање
на тренинг била 50.000 евра од ден, па кога напаѓачот дознал колку треба да
плати, решил да прекине со штрајкот и вчера се вратил во тренинг комплексот.
Останува да се
види што ќе се одлучи во следните денови, утрово се појавија информации дека
Антони веќе се договорил со „ѓаволите“ и разгледува куќи во Манчестер. Се
најавува нова понуда вредна 90-95 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.