Самуел Умтити во
минатото имаше многу проблеми со повреди, минатиот месец се пишуваше дека му
пропаднал трансферот во Рен откако не ги минал лекарските прегледи, но
очигледно Барселона и Лече не се загрижени за ова.
Двата клуба
утрово потврдија дека Французинот се сли на „Виа дел Маре“ на позајмица до крајот
на сезоната и покрај тоа што дефанзивецот се уште не ги поминал редовните
лекарски прегледи и дури вечерва во 20 часот ќе пристигне во Италија.
Детали од
зделката не беа откриени, Барселона само соопшти дека Лече нема опција во
целост да го купи Самуел Умтити.
Од тоа што
медиумите претходно шпекулираа, „каталонците“ ќе го покриваат поголемиот дел од
платата (некои извори велеа дури 90%) на дефанзивецот, но и ќе добијат одредени бонуси во завиност од
минутите кои ќе ги одигра Самуел Умтити.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.