Откако синоќа се пласираа и последните три екипи во елитното натпреварување, денеска ќе биде извршена и ждрепката за групната фаза од ЛШ.
Клубовите стандардно се поделени во четири шешири. Само Германија има две екипи во првиот шешир бидејќи покрај Баерн Минхен таму е и освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт.
Шешир 1: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто и Ајакс
Шешир 2: Ливерпул, Челси, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севиља, РБ Лајпциг и Тотнем
Шешир 3: Борусија Дортмунд, РБ Салцбург, Шахтар, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг Лисабон и Баер Леверкузен
Шешир 4: Ренџерс, Динамо Загреб, Марсеј, Копенхаген, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзен и Макаби Хаифа
Поради Светското првенство во Катар, за помалку од два месеци треба да заврши групната фаза. Првото коло се игра на 6/7 септември, а последното е на 1/2 ноември.