Бодо/Глимт во Загреб отпатува со предност од 1-0 по првиот натпревар, па на Динамо Загреб му беше неопходна победа.
Мечот одлично почна за хрватскиот тим, по само четири минути игра со гол на Оршиќ поведоа со 1-0.
Во 35. минута Ристовски асистираше до Петковиќ кој со маестрален погодок зголеми на 2-0.
Но, во второто полувреме работите се променија, Бодо/Глимт нападна и дојде до гол преку Гронбек во 70. минута.
Конечниот резултат од двата меча беше 2-2. Па се премна кон продолженија. Пред да почнат тие Ристовски и Адеми поради повреди мораа да бидат извадени од игра.
Кога се чинеше дека мечот ќе го решаваат пенали, Дрмиќ во 117. минута постигна гол за водство на Динамо Загреб од 3-1.
А во 120. минута по една контра гол даде и Бочкај и ги постави конечните 4-1.
Динамо Загреб со вкупни 4-2 се пласира по осми пат во групната фаза од Лигата на шампионите, првпат по три години пауза.
Останува во наредните денови да видиме колку се тешки повредите на Ристовски и Адеми и дали и колку ќе бидат надвор од теренот.