Тренерот на Вест Хем: Ако ви кажам за кого се испративме понуда, ќе се прснете од смеење

by
1 минути читање

„Чеканите“ ова лето потрошија околу 140 милиони евра за ангажман на Џанлука Скамака, Најеф Агуер, Максвел Корне, Емерсон, Тило Керер, Фин Доунс и Алфонс Ареола но нема да застанат тука и планираат да донесат уште неколку засилувања до крајот на преодниот рок.

Запрашан дали памети колку играчи се обиделе да ангажираат ова лето, Дејвид Мојс рече: „Да бидам искрен, веројатно ќе кажам ДА“.

„Доставивме многу понуди, и ако ви кажам за кого се испративме понуда, ќе прснете од смеење и ќе прашате, „Се шегуваш?“. Можеби се обидовме да донесеме играчи кои се надвор од нашата лига, но моравме да се обидеме да донесеме навистина топ фудбалери бидејќи ни се потребни“.

„Да пристигнат еден или двајца топ фудбалери, ќе се подигне нивото на сите играчи и ќе се намали притисокот врз Антонио, Рајс и Соучек“.

Последното име кое се поврзува со Вест Хем е Лукас Пакета од Лион, се шпекулира дека е испратена понуда од 40+ милиони евра.

„Доставивме понуда за Пакета. Може да игра како „10-ка“, како „8-ца“, па и како лажна „9-ка“. Мислам дека неговото педигре е навистина добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×