Од каде му текна на нас, Валенсија му одговори на Мбапе: Играте против екипи како Македонија…

by
1 минути читање

Килијан Мбапе ја разбранува фудбалската јавност во Јужна Америка откако рече дека на репрезентациите од Европа им е многу потешко да стигнат до настап на Светско првенство.

Следеа лавини реакции, а последен кој одговори е Антонио Валенсија, кој некако успеа да ја вметне и Македонија во целата приказна.

„Во Европа играат против репрезентации како Македонија, играат против репрезентации кои не се конкурентни“ – рече во разговор со АС поранешниот играч на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Еквадор.

„Па имаат натпревари од квалификациите кои нема шанси да се споредат со оние од Јужна Америка. Сум играл во Баранквиља (Колумбија) на 42 или 45 степени, па од натпервар во Перу сум патувал во Ла Паз (Боливија, на надморска височина од над 3.500 метри). Нека да дојде да игра тука, да види, па потоа нека зборува. Очигледно не е свесен колку се тешки натпреварите од квалификациите во Јужна Америка“.

Нема сомнеж дека условите за игра во Јужна Америка се тешки, но нејасно е како и зошто Антонио Валенсија ја спомна нашата репрезентација во целата приказна.

Македонија во последните неколку години бележи победем, за прв пат бевме дел од Европско првенство, а игравме и бараж за пласман на мундијалот во Катар, каде по големата победа и елиминација на Италија, загубивме од Португалија во финалето.

За волја на вистината, Македонија има одиграно еден натпревар против Еквадор во 2006 и победи со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×