Бобан го советува Мурињо: Рома треба да игра со формација 4-3-3

by
0 минути читање

Бобан во моментов работи во УЕФА како директор за фудбал. Поранешниот играч на Милан смета дека Мурињо треба да ја промени формацијата.

„Според мене Мурињо треба да почне да игра со 4-3-3 формација, на тој начин ќе има подобар баланс и стабилност во средниот ред и ќе може полесно да ги контролира натпреварите“, смета Бобан.

Мурињо од финишот на минатата сезона и почетокот на оваа игра со тројца централни дефанзивци и таа формација се покажува како успешна.

Португалецот рече дека во зависност од натпреварот и околностите во составот, можно е да ја менува формацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×