Црвена звезда не
успеа да ја надополни негативата од еден гол против Макаби Хаифа, шампионот на Србија вечерва испушти водство од 2-0, му
подари два гола на противникот и остана без групната фаза од Лигата на
шампиони.
Избраниците на
Станковиќ добро го започнаа натпреварот, поведоа со голот на Пешиќ, а во 43. минута
Иваниќ погоди за 2-0 и огромна радост.
Сепак, гостите се
вратија во игра во финишот на првото полувреме и тоа под луди околности. Борјан
најпво одбрани пенал, за голманот потоа да киксне и да прими гол од 30 метри,
па на пауза се замина со резултат 2-1.
Како ова да беше
малку, Павков приреди нов шок во 90. минута, напаѓачот лошо регираше пред
својот шеснаесетник по еден прекин и ја затресе сопствената мрежа за 2-2 и
големо разочарување за домаќините.
Бенфика со победа
од 3-0 над Динамо Киев само го потврди настапот во групната фаза од Лигата на
шампиони, каде ќе се најде и Викторија Плзен по триумфот од 2-1 над Карабах.