Барселона има потреба да продаде дел од своите играчи за да може да го регистрира Кунде, а најблиску до заминување се Обамејанг и Депај.
Челси работи на ангажман на Обамејанг и веќе ги договори личните услови со фудбалерот, Барселона за него бара 30 милиони евра, сума која е висока за англискиот клуб.
Сепак, информациите велат дека преговорите се одвиваат добро и наскоро ќе биде постигнат договор.
Депај веќе има согласност за раскин на договорот со Барселона, но таа согласност ќе биде активирана кога тој ќе пронајде клуб.
Јувентус треба да одлучи дали ќе го ангажира Депај или Милик кој се појави како друга опција.
Ако Јуве се одлучи за Депај, тој таму ќе замине како слободен играч откако ќе го активира раскинувањето на договорот со Барселона.