„Октагон“ формацијата на Јувентус стана вирална на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Фановите на Јувентус уште од минатата сезона почнаа да бидат гневни на Алегри, тимот не освои ниту еден трофеј.

По вчерашниот меч против Сампдорија повторно се јавија навивачи кои бараа нов тренер.

А спортскиот коментатор на „ЦВС Спортс“, Матео Бонети постираше фотка од почеток на една акција на Јувентус во првото полувреме. Сликата за кратко време стана вирална.

Фудбалерите на Јувентус се распоредени во вид на октагон, а во средината нема ниту еден играч кој треба да ја прими топката и да го поврзе средниот ред со нападот. Не е ни чудо што Душан Влаховиќ имаше вкупно девет допири со топката, три во првото полувреме и ниту еден шут во рамките од голот на Сампдорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×