23-годишниот фудбалер едно време важеше за голем талент на Барселона, но очигледно не го исполни својот потенцијал, барем засега.
Во интервју за американските медиуми, Пуџ искажа големо разочарување од Чави затоа што смета дека не добил вистинска шанса.
„Последниот месец во Барселона беше многу тежок за мене. Бев изоставен од списокот за турнејата во САД и никогаш не сум доживеал такво нешто. Јас останав во Барселона да тренирам со уште неколку играчи, додека останатите беа на турнеја. Тоа многу ме повреди“, вели Пуџ.
„Немам што да кажам за Чави и за раководството, не сакам ни да ги споменувам. Никогаш не сум бил разочан од никој во мојот живот како што се разочарав од Чави и Барселона. Тоа е се што би кажал за нив“.