Фановите на Јуве се бесни на Алегри: Можеме ли да добиеме вистински тренер?

by
1 минути читање

Јувентус тргнаа одлично во новата сезона, со победа над Сасуоло од 3-0, синоќа одиграа лошо и очигледно толку требаше за да се разбуди гневот кај фановите.

Дел од навивачите на Јувентус, преку социјалните мрежи почнаа да искажуваат незадоволство од Алегри, сметаат дека тој не е доволно добар за нивниот тим.

„Можеме ли да добиеме вистински тренер за време на трансфер периодов“, праша еден навивач.

„Ова беше два часа губење време“, искоментира друг.

„Катастрофа сме“, рече трет.

„Од денеска и официјално поддржувам #AllegriOut. Не е возможно да нема ниту една единствена тактичка идеја. Не ми зборувајте за фудбалерите, бидејќи ви требаат идеи без разлика на играчите“, поконкретно искоментира еден.

„Повторно ќе го гледам Јуве кога ќе истече договорот на Алегри. Морам да го заштитам моето здравје и да бидам добар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×