Тен Хаг: Може да зборуваме за тактика, но не беше до тоа

by
1 минути читање

По двата порази во првите две кола од Премиерлигата, Манчестер јунајтед го победи Ливерпул со 2-1 на Олд Трафорд и го смени расположението во тимот и меѓу навивачите.

Ерик тен Хаг направи неколку клучни потези кои се покажаа како вистински, но тој не сакаше да зборува за тактика, тука го пофали однесувањето на играчите.

„Можеме да зборуваме за тактика, но клучно беше однесувањето, ставот на играчите. Имаше комуникација, борбен дух и можевте да видите што успеаа да направат“, вели Тен Хаг за своите фудбалери.

„Им реков на фудбалерите дека треба да делуваме, а не да зборуваме многу. Треба да бидете тим, да се борите, да бидете храбри“.

Тен Хаг рече дека Мегваер и Роналдо се значаен дел од тимот, без разлика што беа на клупата.

„Имам состав и треба да го користиме. Играме 50-60 натпревари. Од натпревар во натпревар ќе гледаме кој тим ќе го избереме“.

„Не треба да кажам дека Хари Мегваер и Роналдо се неверојатни фудбалери и тие ќе бидат значајни за нас во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×