Манчестер јунајтед го доби големото дерби, Ливерпул по три кола нема победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во ова дерби и двете екипи влегоа без победа по првите две кола, Манчестер јунајтед со два порази, Ливерпул со две нерешени.

Ерик Тен Хаг одлучи да направи неколку важни измени, ги остави на клупата Хари Мегваер и Кристијано Роналдо, а тоа очигледно даде резултат.

Домаќините тргнаа подобро, а таквата игра резултираше со водство од 1-0 со гол на Џејдон Санчо во 16. минута. Тој прими една топка од Еланга, го летна Милнер, и ладно погоди во мрежата на Алисон.

По осум минути игра во второто полувреме, Манчестер јунајтед зголеми на 2-0, стрелец на голот беше Рашфорд.

На десет минути пред крајот Салах начека една топка и ја смести со глава во голот на Де Хеа, намали на 2-1 за поинтересен финиш на натпреварот.

Тен Хаг му даде неколку минути на Роналдо, Португалецот влезе во игра во 86. минута.

До крајот на мечот Манчестер јунајтед рутински ја сочува топката, не му даде на Ливерпул да креира шанса за гол.

Со оваа победа Манчестер јунајтед излезе пред Ливерпул на табелата, црвените во следното коло против Борнмут ќе го бараат првиот триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×