ВАР го поништи голот на Рабио, Јуве прикажа премалку против Сампдорија за поделба на бодовите (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Наполи, Интер и
Рома остануваат трите екипи со максимален учинок по воведните две кола во
Серија А откако вечерва Јувентус одигра 0-0 на гостувањето кај Сампдорија.

Избраниците на
Макс Алегри прикажаа премалку, не креираа многу шанси, а и кога успеаја да ја
затресат мрежата преку Адриен Рабио во 65. минута, се огласи ВАР и го поништи
голот поради офсајд во зачетокот од нападот.

Сампдорија беше подобар
противник во првото полувреме, имаше неколку шанси, Лерис беше најблиску до
гол, но ја погоди пречката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×