Рома одигра уште еден натпревар со многу неискористени шанси, имаше вкупно 27 шутеви, а голманот на Кремонезе, Раду имаше дури десет одбрани, Ел Шарави ја погоди и пречката.
Сепак римјаните дојдоа до триумф благодарение на гол со глава на Крис Смолинг по корнер изведен од Пелегрини. Погодокот му беше посветен на Џини Вајналдум кој заработи скршеница на ногата на тренинг на Рома.
Неколку одлични шанси имаше и Кремонезе, претежно се обидуваа со шутеви од далечина, а еднаш ја погодија и пречката.
Пех во победата на Рома е повредата на Заниоло кој со количка беше изнесен од теренот во финишот од натпреварот. Го повреди рамото.
Со оваа победа Рома им се приклучи на Наполи и Интер кои исто така имаат по шест бода од првите две кола, шанса за тоа има и Јувентус кој вечерва гостува кај Сампдорија.