197
Во Рома уште не се опоравија од шокантната повреда на Вајналдум, а веќе имаат нов клучен фудбалер кој се повреди, Николо Заниоло.
Во 45. минута Заниоло лошо падна на рамото и веднаш се виде дека не може да продолжи. Побара медицинска помош, со количка го изнесоа надвор од теренот. На негово место влезе Ел Шарави.
Се работи за повреда на рамото, но колку е сериозна и колку време ќе биде надвор од теренот, ќе покажат деталните прегледи.
Рома во следното коло го игра големото дерби против Јувентус во Торино.