193
Во последниот преоден рок Челси може да му ги разниша плановите на Мурињо доколку испрати голема понуда за Заниоло.
Заниоло имаше одлични подготовки со Рома и одигра солиден натпревар во првото коло иако не даде гол.
Тој е еден од клучните фудбалери на Мурињо и Португалецот не сака да го загуби, но работите може да ги промени понуда од 50 или повеќе милиони евра.
Челси го сака Обамејанг, но преговорите со Барселона во моментов се во застој, се чини дека од тоа ќе зависи дали сините ќе бидат конкретни за Заниоло.