316
Силвио Берлускони и Адриано Галијани не се задоволни од стартот на сезоната, тие имаат два порази од првите две кола, еден од Торино на свој терен од 2-1 и на гостувањето кај Наполи со убедливи 4-0.
На тапет е тренерот Џовани Стропа, „Газета дело Спорт“ пишува дека мечот против Удинезе може да биде клучен за иднината на тренерот.
Доколку Монца загуби и од Удинезе, Стропа веројатно ќе добие отказ по само три одиграни кола во Серија А.