Барселона имаше идеален старт на натпреварот, по само 45 секунди игра Левандовски постигна гол за водство од 1-0. На полскиот напаѓач денеска му е роденден, па веднаш си се почасти.
Но радоста на Барса траеше кратко, само пет минути подоцна Реал Сосиедад успеа да изедначи со гол на Исак.
Во наредниот период Барса се мачеше да создаде шанси, Реал Сосиедад имаше неколку сериозни обиди, даде и гол кој му беше поништен поради офсајд.
Во 64. минута Чави во игра го стави Ансу Фати на местото од Феран Торес и се промени играта на Барселона.
Најпрво во 66. минута Фати маестрално со пета асистираше до Дембеле кој погоди и за водство на Барселона од 2-1.
Две минути нов гол за Барса и нова асистенција на Фати, овојпат до Левандовски кој го постигна својот втор гол на мечот, 3-1, веќе беше јасно кој ќе победи.
Во 79. минута и самиот Фати се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 4-1 за Барселона.