Возбудлив меч на Сент Џејмс Парк, Сити за 200 секунди даде два гола и се спаси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити
киксна на гостувањето на Сент Џејмс Парк, избраниците на Пеп Гвардиола поведоа
по пет минути игра со голот на Гундоган, но домаќините го свртеа резулаттот до крајот на првиот дел.

Најпрво Алмирон
реализираше за 1-1 во 28. минута, за потоа Вилсон да донесе предност од 2-1 во 39. минута.

По дест минути
игра во второто полувреме, Трипиер прекрасно погоди од слободен удар за 3-1 и
најави изненадување, но Манчестер Сити веднаш одговори.

Во период од 200
секунди, Халанд намали на 3-2, а Бернардо Силва изедначи на 3-3. „Граѓаните“ продолжија
да притискаат, но не успеаја да стигнат до нов погодок и победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×