Касемиро е клучна
алка од средниот ред на Реал Мадрид, но „кралевите“ не му направија проблем на
Бразилецот кога Манчестер јунајтед тропна на неговата врата оваа недела и му
понуди авантура во Премиерлигата.
Двата клуба за
кратко време постигнаа договор за трансфер вреден 85 милиони евра и Касемиро
наскоро ќе стане нов „ѓавол“.
Претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез конечно се огласи и рече дека Касемиро со придонесот
што го дал изминативе години заслужил да одлучи што сака да направи.
„Касемиро е легенда,
со придонесот што го даде и се она што направи за клубот, заслужи да одлучи што
сака да прави“ – вели првиот човек на „кралевите“.
„Во понеделник ќе
му оддадеме признание на церемонија во спортскиот центар на Реал Мадрид“.