Кога во мај 2021
се играше дербито помеѓу лутите ривали, навивачите на Манчестер јунајтед
организираа протест против сопствениците, семејството Глејзер, и група фанови
успеа да влезе на теренот на Олд Трафорд (поради пандемијата, натпреварот требаше
да се игра пред празни трибини).
Тогаш мечот беше
одложен и презакажан за две недели.
Сега одново се
најавува протест против семејството Глејзер и се стравува од нова ескалација,
па Јирген Клоп побара службена победа доколку се повтори ситуацијата од
минатата година.
„Што ќе правиме
доколку натпреварот се одложи? Ќе се качиме во автобусот и ќе се вратиме дома“ –
вели тренерот на Ливерпул.
„Се надевам дека
ова нема да се случи, но доколку се случи, треба да ги добиеме трите бода“.