181
Арсенал игра
добро на стартот од новата сезона, избраниците на Микел Артета имаат три од три
откако вечерва триумфираа на гостувањето кај Борнмут.
„Топчиите“
одлично го отворија мечот, Одегард погоди по само пет минути игра а истиот
играч во 11. минута биеше неодбранливо за 0-2.
Делимите околу
победникот ги реши Салиба во 54. минута, дефанзивецот одлично се снајде во
противничкиот шеснаесетник и прецизно пласираше во аголот за 0-3 и три бода.
Па за прв пат по 2004/05, Арсенал ја започнува сезоната со три победи во Премиерлигата.