197
Тотнем стигна до
минимална победа во дуелот против Вулвс на отварањето на 3. коло во
Премиерлигата.
Во Лондон, „спарси“
славеа со 1-0 со голот на Хари Кејн. По еден корнер во 65.
минута, Перишиќ ја префрли топката на втората статива каде Англичанецот осамен
рутински со глава ја затресе мрежата.
За него ова беше
185. гол во Премиерлигата, па Хари Кејн го собори рекордот на Кун Агуеро и
стана фудбалерот кој за еден клуб постигнал најмногу погодоци во Премиерлигата.