Варди стави крај на шпекулациите за трансфер во Манчестер јунајтед: Се чувствувам како дел од мебелот, одлуката беше лесна

by
0 минути читање

Минатата недела
се појавија гласини за изненадувачки трансфер, Манчестер јунајтед пројавил
интерес за услугите на Џејми Варди.

Иако е нејасно
колку биле сериозни „ѓаволите“ за една ваква зделка, напаѓачот нема да се
пресели на Олд Трафорд, Џејми Варди стави потпис на нов договор со Лестер и ја
продолжи соработката со „лисиците“ до 2024 година.

„Пресреќен сум.
Кога слушнав каква е намерата на клубот, само една работа можеше да се случи,
јас да ставам потпис на нов договор. Одлуката беше лесна
“ – вели Џејми Варди.

„Долги години сум
тука, се чувствувам како дел од мебелот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×