Реал Мадрид го потврди договорот со Манчестер јунајтед за трансфер на Касемиро.
Кралскиот клуб потсети дека Бразилецот на Бернабеу пристигна во 2013 година и досега освои 18 трофеи од кои 5 во Лигата на шампионите, 3 Светски клупски првенства, 3 Европски Суперкупови, 3 Ла Лиги, 1 Куп на Шпанија и 3 Суперкупа на Шпанија.
„Касемиро секогаш ќе биде репрезент на вредностите на нашиот клуб. Фудбалер за пример кој даде се за Реал Мадрид. Реал Мадрид е и секогаш ќе биде негов дом и му посакуваме на него и неговата фамилија многу среќа во следната станица од животот“, стои меѓудругото во соопштението на Реал Мадрид.
#GraciasCasemiro pic.twitter.com/3akax380Bz
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 19, 2022