Тухел и Конте ги дознаа казните за инцидентите кои ги направија на дербито на Лондон

by
1 минути читање

Томас Тухел и
Антонио Конте два пати влегоа во клинч на дербито на Лондон, па ФА реагираше и
им изрече казни.

Тренерот на Челси
е суспендирн на еден натпревари и доби парична глоба од 35.000 фунти, додека
пак неговиот колега од Тотнем доби само парична глоба од 15.000 фунти.

Томас Тухел сепак
ќе може да го предводи Челси на дуелот со Лидс овој викенд, казната е
привремено суспендирана бидејќи стратегот не ја добил во пишана форма одлуката
на независната комисија при ФА.

Германецот може
дополнително да биде казнет со оглед дека се води друга засебна истрага за неговите
коментари и критики кон судијата Ентони Тејлор и ВАР.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×