Наполи го потврди Ндомбеле, што ќе се случи сега со Фабијан Руиз?

by
1 минути читање

„Наполитанците“ соопштија
уште едно засилување за Лучано Спалети, на позајмица од Тотнем пристигнува
Танги Ндомбеле.

Се говори дека
Наполи на „спарси“ ќе му плати околу 500.000 евра плус бонуси и ќе има опција во
целост да го купи Французинот за додатни 32 милиони евра.

По комплетирањето
на оваа зделка, Наполи сега треба да најде решение за ситуацијата на Фабијан
Руиз.

Шпанецот е мета
на ПСЖ, Наполи дури ја намали цената и сега бара 20 милиони евра, но се уште
нема абер за трансфер на фудбалерот од средниот ред во Париз.

Се шпекулира дека
Фабијан Руиз калкулира, и преферира следното лето како слободен играч да
направи трансфер или во Реал Мадрид, или во Барселона.

Наполи не сака да
остане со празни раце, па го предупредува играчот дека ќе седи на трибини
најмалку шест месеци доколку летово не прифати трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×