Барнли го потврди трансферот на Чурлинов, Компани вели: Добивме офанзивец кој е неверојатен работник на теренот

by
1 минути читање

Дарко Чурлинов
започнува нова авантура и се сели во Англија, попладнево пристигна официјална
потврда за неговиот трансфер во Барнли.

„Барнли е
задоволен што може да потврди дека го ангажираше Дарко Чурлинов од Шалке,
играчот стави потпис на четиригодишен договор“
– гласеше известувањето.

За ангажманот на
Македонецот, тренерот Винсент Компани вели: „ Дарко е офанзивно ориентиран
играч и неверојатен работник. Имаме добар однос со Штутгарт па успеавме да го
донесеме ова младо перспективно момче“.

„Среќни сме што
тој ќе биде дел од иднината на клубот и со нетрпение чекаме да го интегрираме
во тимот“.

За трансферот на
„Трф Мур“, Дарко Чурлинов рече: „Возбуден сум што пристигнав тука, едвај чекам
да почнам да играм. Нема времe за губење, со нетрпение го чекам првиот
натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×