462
На денешната редовна прес-конференција пред почетокот на новото коло од Премиерлигата, Тен Хаг разбирливо беше прашан и за ситуацијата со Кристијано Роналдо.
„Ќе го повторам истото, Кристијано е дел од нашите планови. Тоа можам да го кажам. Не знам зошто тој е во фокусот. Мечот со Брентфорд беше тимски перформанс, однесување на целиот тим, вклучувајќи го и Роналдо“, вели Тен Хаг.
Тој беше прашан и за Касемиро, но не сакаше да зборува.
„Нема да ви одговорам. Не можам да ви кажам ништо“, рече Тен Хаг.