190
Адриано Галијани
неодамна се пожали за разликата во финансиска моќ помеѓу клубовите од Серија А
и Премиерлигата, рече дека Монца нема шанси да троши колку Нотингем Форест, но истото
ова можат да го кажат речиси сите клубови.
Повратникот во
Премиерлигата попладнево го потврди трансферот на Морган Гибс Вајт од Вулверхемптон
за рекордни 25+17,5 милиони фунти.
Младиот
Англичанец е 16-то засилување за Нотингем Форест ова лето, па сумата потрошена на
трансфери се искачи на 150 милиони фунти.
Тоа значи дека
Нотингем Форес до овој момент има потрошено повеќе од Барселона, и се наоѓа на
второто место, повеќе има потрошено само Челси.