Дарвин Нуњез ги
остави на цедило соиграчите против Кристал Палас откако по 15 минути игра во
вториот дел ги загби нервите, со глава го удри Јоаким Андерсен и доби црвен
картон.
Напаѓачот сега е советуван од Луис Суарез, кој добро знае што се случува на терените во Премиерлигата,
самиот беше инволвиран во голем број на инциденти додека го носеше „црвениот“ дрес.
„Во иднина ќе
биде провоциран два или три пати повеќе, постојано ќе биде мета на пртовничките
играчи. Советот доаѓа од идиот кој правеше глупости и
помина лошо“ – вели Луис Суарез.
„Тоа што паѓав и
станував, ме напрви посилен но Дарвин во никој случај не треба да им даде нова
прлика да го испровоцираат, работите ќе бидат само полоши“.
„Дарвин е
интелегентно момче, слуша совети и мислам дека ќе знае како да се справи со
ситуацијата. Ништо страшно, сите имаме правено грешки, сите сме биле
исклучувани“.