Гризман ги помина подготовките со Атлетико Мадрид, играше на пријателските мечеви. Иако натпреварот против Хетафе го почна од клупата, изгледаше одлично кога влезе, даде и гол.
Но според „Мундо Депортиво“, Атлетико Мадрид му соопштил на Гризман дека тие нема да сметаат на него оваа сезона. Се уште не се знае дали тоа е истото мислење и на Диего Симеоне
Причината за тоа е Барселона. Според „Спорт“, Атлетико Мадрид ќе треба да ѝ плати на Барселона 40 милиони евра по крајот на сезоната за Гризман доколку се исполнат одредени услови.
Доколку Гризман одигра најмалку 45 минути на 50 проценти од натпреварите за кој ќе биде достапен (да не е повреден или да нема картони) во двете сезони на кој е на позајмица, тогаш Атлетико Мадрид се обврзува на Барселона да ѝ плати 40 милиони евра и комплетно да го откупи Гризман.
Досега, Гризман минатата сезона одигра 33 пати од можни 40 што е 82,5 проценти. Тоа значи дека Атлетико Мадрид со цел да го намали процентот на под 50, оваа сезона ќе може да го игра Французинот значително помалку.
Не се исклучува можноста во меѓуврме Атлетико Мадрид да преговара со Барселона за намалување на обесштетувањето, ако тоа не се случи, Гризман нема да се изнаигра, а летото ќе биде вратен на Барселона.
Некои пишуваат дека Атлетико Мадрид сака да се ослободи од Гризман уште сега за да направи место за евентуално доаѓање на Кристијано Роналдо.