272
Клубот од Олд
Трафорд оваа недела се поврзува со голем број на фудбалери, речиси секој час
има информации за нов фудбалер кој би можел до крајот на месецот да се пресели
на северот од Англија.
За трансфер на
Касемири се шпекулира најинтензивно, се говори дека „ѓаволите“ го примамуваат
Бразилецот со богат договор.
Одредени извори
пренесуваат дека му е понудено двојно поголема плата, некои пак пишуваат дека
се работи за речиси двојно поголема плата, а новинарот Танкреди Палмери излезе
со конкретни бројки.
Тој објави дека
Манчестер јунајтед на Касемиро му понудил 18 милиони евра по сезона, „ѓаволите“ се
подготвени да го направат Бразилецот еден од најплатените во Премиерлигата.