Манчестер јунајтед за Ван Бисака плати 50 милиони, го направи еден од најскапите бекови а сега го продава за 10 милиони

by
1 минути читање

Арон Ван Бисака прикажуваше
одлични партии во сезоната 2018/19, беше прогласен за играч на годината во
Кристал Палас и го привлече вниманието на неколку клубови.

Манчестер
јунајтед беше најконкретен, плати 50 милиони фунти и го направи Арон Ван Бисака
еден од најскапите бекови во светот на фудбалот (дури и во моментов е во топ 5 најскапи
бекови).

Три години
подоцна, Арон Ван Бисака не е во плановите на Ерик тен Хаг и играчот си бара
нов клуб.

Се шпекулира за
негово враќање во Кристал Палас и се споменува сума од 10 милиони фунти, што е пет
пати помалку од она што Манчестер јунајтед го плати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×