290
Барселона мораше
да ги промени трансфер плановите откако Цезар Аспиликуета стави потпис на нов
договор со Челси, и агентот на Хуан Фојт оваа недела беше „уловен“ во
канцелариите на клубот.
Се говори дека
Чави го идентификувал Аргентинецот како идеално засилување, но Виљареал не сака
да преговара и инсистира да се активира откупната клаузула која е поставена на
42 милиони евра.
„Каталонците“ не
сакаат да ја платат оваа сума, но ќе се обидат да дојдат до приближна бројка и на
маса ќе стават 30 милиони евра плус бонуси.