Манчестер јунајтед и Јувентус си подадоа рака за трансфер на Рабио, но тој не се реализираше поради тоа што фудбалерот не постигна договор за личните услови.
Сега „Калчомеркато“ открива какви вушност биле барањата на Рабио.
Платата на Рабио во Јувентус е 7 милиони евра годишно плус бонуси.
Тој од Манчестер јунајтед побарал плата од 10 милиони евра по сезона, но тоа е само дел од она што го сакал.
Рабио и покрај големата плата, сакал да има и бонуси за секоја сезона од четири или петгодишниот договор кој требало да го потпише.
Неговата мајка која и негов агент, барала меѓу 8 и 10 милиони евра провозија и бонус за потпис.
Рабио со игрите во Јувентус не покажа дека треба да заработува плата повеќе отколку што ја добива таа во Италија, а тој бара многу повеќе од тоа.
Веројатно ќе треба да почека да му истече договорот со Јувентус, па да сфати на кое ниво е, бидејќи нема клуб кој би ги прифатил неговите барања.
Очигледно неговата мајка, која му е агент, си го цени синот многу повеќе отколку што е неговата реална вредност на фудбалскиот пазар.