Наполи работи напорно на трансфер пазарот во финишот од преодниот рок. Раководството ги крпи дупките кои настанаа со заминување на Инсиње, Кулибали, Мертенс и веројатно Фабио Руиз.
Ндомбеле утре ќе ги помине медицинските тестови и ќе го потпише договорот со Наполи, а вечерва стигнува информациите дека наскоро истото ќе го направи и Распадори.
Наполи и Сасуоло постигнале договор, остануваат уште детали за тој да биде официјализиран.
Трансферот ќе го чини Наполи вкупно 35 милиони евра.
На поечтокот Наполитанците ќе платат 5 милиони евра за позајмица, со обврска следното лето за уште 25 милиони евра да стане перманентен трансфер.
Има и уште дополнителни 5 милиони евра во бонуси.
Од Наполи се надеваат дека договорот ќе биде комплетиран утре, а Распадори во петок ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот, па веќе за викендот ќе му биде на располагање на Лучано Спалети.