422
„Каталонците“ се во потрага на нов играч за десната бековска позиција и попладнево новинарите го уловија агентот на Хуан Фојт во канцелариите на Барселона.
Се говореше дека тој имал средба со директорот Матеу Алемани, и дека Чави го идентификувал Аргентинецот како идеално засилување.
Сепак, Виљареал нема лесно да се откаже од дефанзивецот, „жолтата подморница“ инсистира да биде активирана откупната клаузула која е поставена на 42 милиони евра.