681
Манчестер јунајтед има очаен старт на сезоната во Премиерлигата, два порази во првите две кола и тоа од Брајтон и Брентфорд.
Некои прстот го вперија во Кристијано Роналдо кого го обвинуваат за лошата атмосфера во тимот. Португалецот се појави дури на крајот од подготовките на тимот, а видливо е дека неговиот однос со Тен Хаг не е идеален.
„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер јунајтед дава зелено светло за заминување на Роналдо, а последниот збор му го дава на Ерик тен Хаг, ако тој смета дека ќе биде подобро без Кристијано, тогаш тој може да си оди.
Веројатно Роналдо ќе добие дозвола и од Тен Хаг за заминување, па ќе остане на неговиот агент, Жорж Мендеш да му пронајде нов клуб.